Криумчари на мигранти се осудени и протерани од државата откако ја признаа вината

Судот, донесе пресуда со која на обвинетите им е изречена алтернативна мерка – условна осуда на казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку во период од пет години не сторат друго кривично дело, воедно во текот на денешниот ден на обвинетите ќе им биде укината мерката притвор и ќе бидат протерани засекогаш од Р.С.Македонија.

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предметот во кој се обвинети две лица, по потекло од Република Гана, дека сториле кривично дело Криумчарење на мигранти, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одржано рочиште. По воведните зборови на надлежниот обвинител, обвинетите, германски државјанин и државјанка на Р. Италија, ја признаа вината.

Судот, донесе пресуда со која на обвинетите им е изречена алтернативна мерка – условна осуда на казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку во период од пет години не сторат друго кривично дело, воедно во текот на денешниот ден на обвинетите ќе им биде укината мерката притвор и ќе бидат протерани засекогаш од Р.С.Македонија. При одмерувањето на казната судот ги имаше предвид олеснителните околности дека обвинетите не се сторители на други кривични дела и против нив не се водат други постапки во други земји, дека двајцата се вработени во земјите чии што се државјани, како и тоа дека првообвинетиот е татко на малолетно дете, а второобвинетата е болна. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи со изречената пресуда.

Прочитајте и...  Тепачка меѓу затвореници во кумановскиот затвор, едниот заврши во болница

Имено, на почетокот на јануари годинава, обвинетите со намера илегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Р.Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле јавни исправи – лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака. На граничниот премин „Богородица“ при контрола од страна на полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Тројцата мигранти кои исто така потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација – Р. Австрија.

Прочитај повеќе

Велешанец (40) пронајден мртов во својот дом

Слободен печат

Тепачка меѓу затвореници во кумановскиот затвор, едниот заврши во болница

Слободен печат

Парични казни за 20 обвинети од Прилеп

Воз се излизга од пругата кај Миравци

Горан Наумовски

Двајца повредени во сообраќајка кај Ќафасан

Горан Наумовски

Во Швајцарија ќе бидат погребани таткото и синот од струмичко кои беа убиени на тамошна фарма

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Два случаи на семејно насилство во Штип

Кривична за двајца кичевци

Десет струмичани казнети од судот по 3.000 евра за непочитување на забраната за движење

Парична казна за кумановец заради непочитување на самоизолација

Слободен печат

Парични казни за 9 лица од Гостивар – се возеле за време на полициски час

Слободен печат

Стружанец крадец во време на полициски час