Критиките на Абе ги налутија Севернокорејците: Тој е идиот и негативец

Фото: ЕПА

Северна Кореја го нарече јапонскиот премиер Шинѕо Абе „идиот“, откако тој го критикуваше нивното неодамнешно тестирање на оружје, пренесе „Гулф њуз“.

Во изјавата препишана на официјалното лице од министерството за надворешни работи, Сонг Ил-хо, Северна Кореа го опишала Абе како „идиот и негативец“, кој според нив прекумерно реагирал на тестирањето и се однесувал како „Северна Кореја да фрлиле нуклеарна бомба на територијата на Јапонија“.

Изјавата на Ил-хо исто така ја исмејала и желбата на Абе да се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, кој кажа дека „тие го советуваат да не сонува да стапне во Пјонгјанг“, главниот град на Северна Кореја, откако ги навредил „мерките за самоодбрана“ на земјата.

Од Северна Кореја изјавија дека го спровеле нивното трето пробно истрелање на „супер-големи“ ракети од новиот систем минатата недела, иако јапонското Министерство за одбрана го процени како балистичко оружје.

Јапонската влада немаше реакција по изјавата од Севернокорејците.

Северна Кореја често упатуваше груби навреди кон странски лидери и политичари, откако тие критикуваа нивните чекори и делувања. Меѓу нив, освен јапонскиот премиер Абе, се најде и поранешниот американски претседател Барак Омаба и поранешната претседателка на Јужна Кореја Парк Геун-хје, првата жена-лидер на оваа земја.

За време на тензиите кои се создадоа за време на севернокорејското тестирање на ракети во 2017 година, Ким го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „ментално пореметен сенилен старец од САД“, откако тој изјави дека „тотално ќе ја уништи Северна Кореја“ доколку биде принуден да се брани од нив.

Во мај, Севернокорејците го нарекоа кандидатот за претседател од редовите на демократите, Џо Бајден, „будала со ниска интелигенција“ и „имбецил кој нема основни квалитети како човечко суштество, откако тој го нарече Ким Јонг-ун тиранин за време на еден негов говор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот