Критики колку сакаш, губиме со 40-60 разлика, „резил за државата“!
Како дел од групата Ц, нашата јуниорска репрезентација не успеа да запише триумф и се пласира на последното, шесто место, зад Грција, Романија, Ирска, Словачка и Австрија против кои разигруваше во оваа прва фаза.
Во првиот натпревар од оваа фаза нашите јуниорки разигруваа против Велика Британија и во интензивно резултатски тесен натпревар запишаа пораз.
Следеше натпревар против соодветната национална селекција на Албанија. На овој натпревар го запишавме првиот триумф, а потоа и вториот против селекцијата на Косово против против која исто така забележавме победа и на крајот беше освоена 21 позиција во шампионатот.
Селекторот Жаклина Стојановска се огласи после завршувањето на ЕП со една длабока анализа и каде треба да се поправи за во иднина да има подобри резултати.
Таа обвинува дека не може да се има добар пласман во подготвителен период од 30 дена, не земајќи ја реалната ситуација.
– Добар спортски пласман на било кое првенство не може да се создаде во подготвителен период од 30 дена. Се создава години наназад, во клубовите, во домашното првенство, низ многу натпревари, низ тројно повеќе тренинзи и низ многу порази и победи. Ова, за жал го немаме како систем веќе 20 години, женската сениорска кошарка фигурира скоро само на хартија, со мал интерес и за играње и за развој, имаме вкупен број на 50 регистрирани сениорски кошаркарки, од кои повеќето имаат по 2 или 3 тренинзи недело, што е на ранг на рекреација – вели Стојановска.
Целиот коментар на Стојановска можете да го прочитате на нејзиниот Фејсбук профил: