КРИТИЧНО ВО КАТЛАНОВО: Изби пожар блиску до бензиската на автопатот Скопје-Велес, седум пожарни се на терен (ФОТО)

Во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје, пред неполн час избувна пожар. Во моментов гори нискостеблеста шума, а стихијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја.

Читателка испрати слики до редакцијата на Слободен печат и тврди дека ситуацијата со пожарот кај Катланово е критична.

„Многу е блиску до автопатот, но патот не е уште затворен. Исто така е опасно блиску до бензинска. Има доста пожарни на терен. Само што поминав, солидно гори. Има малку чад на патот. И сите противпожарни што ги видовме беа на автопатот. Евентуално луѓе да пазат на тоа, иако се добро осветлени“, вели читателката.

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, седум противпожарни возила се на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот