Критично во Дебар, расте бројот на заболени и починати, испратени уште 1.100 вакцини

Болница Дебар
Болница во Дебар /Фото: МИА

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, доцна попладнево пристигна нова пратка со вакцини од Фајзер и Синофарм, со што продолжува имунизацијата против Ковид-19.

-Добивме 850 дози од Фајзер и 250 од Синофарм. Во модуларната болница која е вакцинален пункт продолжуваме непречено со процесот на имунизацијата против опасниот вирус. Во просек дневно се аплицираат по 200 дози вакцини. Не повторувам, туку ги замолувам, сите кои не се вакцинирале тоа да го направат ден порано зашто само на тој начин може да се заштитиме себе си, нашите најблиски и поширокото опкружување, изјави за МИА, Баки Алили директор на болницата.

До сега во општините Дебар и Центар Жупа вакцинирани се над 9 000 лица, меѓу нив и стотина иселеници кои летниот одмор го минуваа во родниот крај.

Понагласен интерес меѓу граѓаните, според Алили, се појавил откако на подрачјето се влоши епидемиолошката состојба и кога меѓу заразените имаше поголем број иселеници.

Имајќи го предвид бројот на резистентно население бројот на заразени е висок. Денеска се потврдени 17 нови случаи или 335 овој месец, главно невакцинирани и пред се, на возраст од 20 до 40 години, во списокот на закрепнати во последното деноноќие се внесени 20 или вкупно 139, додека, за жал, починаа две или вкупно 14 лица овој месец.

Моментно активни на болеста се 229 лица од двете општини, во инфективното и хрушкото одделение кое минатата недела беше пренаменето за овие пациенти, хоспитализирани се 30 пациенти сите на кислородна подршка, дневно амбулантски се лекуваат во просек по 20 пациенти, додека за преглед се јавуваат по двапати повеќе. Во здравствени установи во Скопје се третираат седум лица од ова подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот