Критично е во штипската болница – има само пет слободни кревети

Клиничка болница - Штип
Клиничка болница - Штип / Фото: МИА

Се зголемува притисокот за болничко сместување во штипскиот Ковид центар. Во Инфективното и Кожното одделение има само пет слободни места, а пополнети се вкупно 65 болнички кревети. Инфектолозите велат дека на Инфективното се хоспитализирани вкупно 56 пациенти, на 46 им е потребна постојана кислородна поддршка.

Само во текот на вчерашниот ден се примени шест нови пациенти. Во здравствениот билтен нема регистрирано пациент, која ја изгубил битката со вирусот. Инфектолизите алармираат дека во овој бран на делта сојот карактеристично е и што расте бројот на млади пациенти, кои не се вакцинирани, а се примаат во тешка здравствена состојба.

Во Брегалничкиот регион бројот на активни случаи изнесува над 800, а од единаесетте општини Штип е на првото место со 261, на второто место е Кочани со 232 лица позитивни на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот