Критичарите со жестоки напади врз Трамп: Америка не е борбено поле, нашите сограѓани не се непријатели (ВИДЕО)

epaselect epa08461804 Police and National Guard move into protesters after curfew during a demonstration over the arrest in Minnesota of George Floyd, who later died in police custody, in Atlanta, Georgia, USA, 02 June 2020. A bystander's video posted online on 25 May, shows George Floyd, 46, pleading with arresting officers that he couldn't breathe as one officer knelt on his neck. The unarmed black man soon became unresponsive, and was later pronounced dead. According to news reports on 29 May, Derek Chauvin, the police officer in the center of the incident has been taken into custody and charged with murder in the George Floyd killing. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Воведувањето на војска како одговор на протестите кои од Минеаполис се раширија по целата земја и кои понекогаш се насилни, е проблематично.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер го потреби изразот “места на борба“ за ги означи местата каде се одржуваат протести поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Оваа слика Еспер ја дополни кога се појави во маскирна униформа во центарот на Вашингтон во текот на растурањето на протестите на 1. јуни.

Сега кога Доналд Трамп се повеќе се врти кон милитантната реторика среде превирањата во земјата, војската изгледа дека му дава поддршка на американскиот претседател, која кај многумина предизвика загриженост, пренесува Ројтерс.

Вртењето кон милитантната реторика, со поддршка на војската на САД, предизвика загриженост меѓу поранешните официјални лица кои гледаат опасност во американските вооружени сили, една од најпочитуваните и најдобро финансирани институции во оваа земја.

„Америка не е борбено поле. Нашите сограѓани не се непријатели“, напиша на Твитер Мартин Демпси, пензиониран американски генерал со четири ѕвездички кој ја вршел функцијата шеф на штабот на Заедничките сили.

Критичарите на Трамп го сметаат за проблематично потпирањето на претседателот на војската, која би требало да биде аполитична, во поглед на решавање на внатрешните прашања во склад со неговата политичка агенда.

Војници на Националната гарда распоредени пред Капитол Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Тој и претходно ги користеше воени сили со цел да ги спречи илегалните емиграции и одбрана на изградбата на ѕидот на границата.

Меѓутоа, воведувањето на војска како одговор на протестите кои од Минеаполис се раширија по целата земја и кои понекогаш се насилни, е проблематично.

Во основа на критиките упатени до Трамп се наоѓа идејата дека војската има за цел САД да ја одбрани од странскиот непријател и дека уставот експлицитно ги штити правата на граѓаните кои мирно протестираат.

Дури и шефот на Бирото на Националната гарда призна дека ангажирањето на војската како одговор на внатрешната криза во земјата предизвикува нелагодност и непријатност меѓу нејзините припадници кои неволно се одѕиваат на таа задача.

Националната гарда асистира на протестите

Досега повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда се повикани да асистираат во одговорот на властите на протестите ширум земјата.

Марк Еспер и генерал Марк Мајли, шефот на штабот на Заедничките сили, се појавија во понеделникот во придружба на Трамп додека позираше пред црква во близина на Белата куќа држејќи Бибилија во рацете откако солзавец и гумени куршуми се употребени за растерување на демонстрантите кои мирно протестираа.

Трамп потоа одржа говор во кој ги осуди делата на домашен тероризам. Кога состанокот заврши претседателот изразе желба да ги види војниците и Еспер и Мајли тргнаа со него.

После тоа Еспер испрати допис до вработените во министерството за одбрана и ги повика „да останат аполитични во овие турбулетни денови“.

Кори Сејк, експерт за односи меѓу цивилите и војската во САД истакна дека Еспер и Мајли би требало да се сметаа за одговорни за „шокантната одлука“ да се појават во вакво опкружување. Тие донесоа одлука тука да се појават иако повикот на претседателот можеа да го одбијат, истакна Сејк.

Замаглување на разликите меѓу американските граѓани и непријателите на САД

Алис Френд, поранешен функционер во Пентагон рече дека Еспер и Мајли со потреба на термините „места на борба“ ја замаглуваат разликата меѓу американските граѓани и непријателите на САД во воените подрачја.

Еспер коментирајќи ги критиките кои му се упатени одговори дека тој едноставно ја користел терминологијата која навикнал да ја користи како лидер на американската војска.

Трамп и министерот за одбрана Марк Еспер Фото: EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL
Трамп во понеделникот се закани дека ќе испрати војска во неколку градови за да ги задуши протестите. За да го стори тоа, американскиот претседател би морал да се повика на Законот за бунт од 1809 година, што последно е направено во 1992 година како одговор на протестите во Лос Анџелес кои избија по судењето на полицајците за претепувањето на Родни Кинг.
Трамп веќе испрати војници на периферијата на Вашингтон, да бидат подготвени да реагираат доколку биде потребно.
ПОГЛЕДНЕТЕ:

Американците со поддршка за протестите, 55% се против начинот на кој Трамп се справува 
со кризата (ГАЛЕРИЈА)

Гневот од САД се пресели во Европа: Демонстрации во Париз против расната неправда и полициската бруталност (ФОТО+ВИДЕО)

Потресен говор на мајката на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд: Тој никогаш нема да ја види како расте (ВИДЕО)

Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на девојката застрелана на протестите за 
Џорџ Флојд (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ФОТО+ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен пензиониран полицаец кој се обидел да спречи грабеж за 
време на протестите во САД

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот