Кристофер Хил го оцени НАТО бомбардирањето над Србија како „дипломатски неуспех“

Кристофер Хил/ Фото Youtube screenshot

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил на својот „Твитер“ профил објави дека српскиот народ „не смее да заборави“ на годишнината од бомбардирањето на НАТО врз Белград и дека тоа било „дипломатски неуспех“, пренесува српска „Нова“.

„Својот живот го посветив на дипломатијата – наоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливите проблеми. Во текот на мојата кариера научив дека дипломатијата понекогаш не успева. Кога тоа ќе се случи, резултатите може да бидат трагични. Им изразувам лично сочувство на семејствата на оние кои ги загубија животите за време на војните во 1990-тите, вклучително и оние кои се резултат на воздушната кампања на НАТО. Знам дека српскиот народ никогаш нема да го заборави тоа страшно време, ниту треба“, напиша Хил.

„Српскиот народ никогаш нема да ја остави својата тага настрана, но верувам дека е доволно силен да го направи тоа. Посветеноста на САД на нашето партнерство со Србија е непоколеблива, како и нашата посветеност на дипломатијата. Заедно можеме да изградиме подобра иднина која српскиот народ ја заслужува и ја посакува за идните генерации“, заклучи Хил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот