Кристина Ричи имала само 9 години кога Џони Деп ѝ објаснил „што е тоа хомосексуалност“

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Кристина Ричи се отвори за сеќавањето од детството, во кое Џони Деп ѝ објаснил „што е тоа хомосексуалност“.

Актерката од „Yellowjackets“ имаше девет години кога глумеше заедно со тогашната девојка на Деп, Винона Рајдер, во романтичната драма „Сирени“ од 1990 година.

„Нешто се случуваше на снимањето и некој не беше добар со некој друг. И тие рекоа нешто како: „О, добро, тој можеби е хомофобичен“, му објасни Ричи на Енди Коен за време на неодамнешното појавување на неговата радио емисија СириусХМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Ricci (@riccigrams)

„И тогаш реков: „Па, не разбирам што е тоа“, продолжи таа. „Јас бев тогаш во приколката на Винона и таа ми рече: „Не знам како да ти објаснам“.

Потоа, Винона му телефонирала на нејзиното тогашно момче Деп.

„Значи, таа ме ми го даде на телефон Џони, и Џони ми објасни“, се сеќава Ричи.

Видео на денот