Кристина Поптрпева и Елена Петреска со три титули на изборот за Mис Евроазија 2020 во Истанбул

Вчеравечер во хотелот „Хилтон“ во Истанбул, Турција се одржа изборот Мис Евроазија 2020.

Македонија имаше две претставнички, Кристина Поптрпева и Елена Петреска, кои успешно ја претставија нашата земја и се вратија со круни и дури три титули.

Елена Петреска
Кристина Поптрпева

Нашата претставничка  освои две титули: Мис Талент, како најталентирана меѓу девојките претставувајќи го својот талент за пеење со изведба на песната „Stay“ од Ријана.

Исто така ја освои и титулата Мис Кетвок (Miss Catwalk), односно признание за најдобро движење на писта.

Кристина Поптрпева

Нашата друга претставничка Елена Петреска, се закити со титулата Мис Туризам Евроазија 2020.

Нашите претставнички на изборот настапија преку модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен избор за убавина.

На изборот победи убавицата од Израел, додека титулата Прва придружничка ја освои девојката од Сибир, а Втора придружничка е девојката од Русија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот