Кристина Кох и Џесика Мејр се првите астронаутки кои прошетаа во Вселената

Вселена / Илустрација

Астронаутките на НАСА, Кристина Кох и Џесика Мејр денеска излегоа од Меѓународната вселенска станица за да заменат неисправниот уред за напојување.

Со тоа Кох и Мејр се дел од првата женска екипа што излегла во Вселената.

НАСА ја планираше првата вселенска прошетка на тим составена од жени на крајот од март, но мораше да ја откаже поради недостаток на скафандери со соодветна големина.

Новите скафандери овозможуваат поголема подвижност на астронаутите, а технологијата што ја содржат значи подолго патување во Вселената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот