ФОТО | Кристина Арнаудова се прости од нејзината баба: Жената која ме одгледа, ме учеше, жената која зборуваше 7 јазици

Facebook
Facebook

Кристина Арнаудова на својот фејбук – профил сподели повеќе фотографии од нејзиното детство и младоста, а на нив секогаш покрај неа е една особено значајна личност во животот на пејачката.

Арнаудова преку социјалните мрежи и фотографиите полни спомени се прости од нејзината баба – Проф. Ристенка Манчева.

Денес за последен пат ја гушнав, и ја испратив, баба ми…. Проф. Ристенка Манчева, жената која ме одгледа, ме учеше, жената која зборуваше 7 јазици, која сакаше да патува, пишува поезија, и да учи постојано… Имаше неверојатен живот, беше неверојатна жена, целиот живот посветена на науката и јазиците…Тогаш беше најжива, кога го пренесуваше знаењето. Секогаш ќе живееш во мене, бидејќи беше голем дел од мене и од тоа што сум денес….многу ќе ми недостигаш.. А сега патувај, летни, во светлината….. Почивај во мир, стои во емотивната објава на Арнаудова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот