Кристина Арнаудова има три предлог дестинации за одмор во нашата земја: Дознајте кој е нејзиниот фаворит! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот ги затвори границите ширум светот, па така можноста за летување на море ова ќе биде ограничена, а можеби и забранета.

Но, тоа можеби и не е толку лошо. Ова е конечно шанса да ги запознаеме убавините на нашата земја, која ги има навистина доста.

Планина, езеро, кампување, река, рурален туризам се само дел од тоа што го пружа ова наше поднебје.

 

View this post on Instagram

 

#isolation in #nature #family #love ❤️❤️❤️❤️?‍?‍?‍?

A post shared by Kristina Arnaudova (@kristina_arnaudova) on

Дестинации има многу, а ваше е само да изберете. Ако ви треба помош, тогаш познатата пејачка Кристина Арнаудова за „Слободен печат“ реши да ги каже нејзините три омилени дестинации за ова лето, кои топло ги препорачува:

– На прво место Охрид, но во мај или септември. Тоа што се случува за време на летните месеци ми е премногу, со оглед дека не сакам места со метеж , а ако верувате во Охрид летно време не сум била 12 години, а во езерото не сум влегла 8 години. Го обожавам градот, ама кога некој би ме прашал, туризмот треба да се одвива во друг правец таму, концептот да е малку поразличен. Метеж, прашина, скара и тезги на плажа не е нешто што ме бендисува.

Берово е мој фаворит. Местото каде имам јадено најдобра храна во Македонија, хотел „Манастир“, најдоброто сирење и мед во свет, без претерување. Целиот град, питомите луѓе, насмеани угостители, поглед од кој умот зајдува од убавина, очите се одмараат, и тишина, мојот фаворит за одмарање. Тоа е Берово!

– Маврово! Секое лето поминувам еден одмор таму со децата. Таму го правам и мојот камп за деца со помалку можности, шарено лето и многу уживам таму. Во „Бистра“ сум како дома, најубата тераса во цела Македонија, најубавиот мирис на воздух, Маврово доволно блиску до Скопје за да можеш и неоланирано да тргнеш. Да имаше малку повеќе содржини за деца и возрасни ќе беше уште поубаво. Навивам за Маврово!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот