Кристина Аранудова: Парите не значат многу ако си несреќен, сам и болен (ФОТО)

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

 

View this post on Instagram

 

Почит и поддршка за здравствените работници!

A post shared by Kristina Arnaudova (@kristina_arnaudova) on

Нашите познати личности во земјата постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

„Слободен печат“ разговараше со познатата пејачка Кристина Арнаудова за тоа како го поминува времето во изолација.

– Па веќе некако се навикнавме на едно ново темпо, успорено. Сите сме некако смирени, не трчаме никаде, без стрес, и тоа навистина ми е нешто кое можеби за прв пат во живот од кога станав мајка, го доживувам. Правиме работи кои не сме имале време да ги правиме порано. Ова е точно она време, кое цело време го баравме, и за кое цело време викавме ,,немаме време,,. Прво средувавме работи, ормари, па малку поправавме, стигнавме и да обелиме каде што ѕидовите беа валкани, хахаха, цело време нешто спремаме за јадење. Кога видовме дека премногу јадеме, дома си направивме импровизирана теретана па секојдневно одделуваме време за да вежбаме. Играме игри со децата и уживаме….Јас најмногу читам книги, кои ионака доста ги читам, ама сега баш опсесивно.  Сите кои ме знаат знаат дека Италија е земјата која најмногу ја сакам, и често ја посетувам, и сеогаш велев дека ќе научам италијански, а до сега знаев малку, колку да изедам ќотек, хахах. Сега се претплатив на онлајн курс, и секојдневно имам час, и пресреќна сум. Тековно завршувам и работи за „Проект Среќа“, набавуваме донации, контактираме со луѓе кои имаат потреба од храна и помош, праќаме храна, бараме донатори…Спремам идни проекти, кои се одложени во моментов…. многу работи правиме. Не е дека само седиме пред тв . Ова е време кое треба да го третираме како благослов, не како казна….

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

– Ми недостигаат пријателите, кафе на сонце со нив, ми недостигаат долги прошетки, и воздух. Не е дека многу нешта ми фалат. Ми недостасуваат секодјневните средби со мајка ми. Ми недостасува она време во кое бев сосема сама, со оглед на тоа дека јас сум човек кој ужива да поминува време сосема сам…ама генерално, не е дека премногу нешто ми фали.

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Сега имаме можност да видиме дека материјалното не значи многу ако недостасува духовното. Дека сме лесно кршливи, и за тоа време додека сме на овој свет, треба да сме добри луѓе, благодарни, да се трудиме да правиме добри нешта, затоа што парите не значат многу ако си несреќен , сам и болен. Планетата сега ни враќа за се она што и направивме во сите овие години, кога без размислување ја загадивме до степен да неможе повеќе да опстане. Не знам што треба да се случи за да ни дојде умот и да почнеме свесно и одговорно да живееме.

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Ќе направам голема забава дома и ќе ги викнам сите пријатели… (се смее).

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови?

– „Двајцата Папи“.

С.П. Каква музика слушаш периодов?

– Весела хахах, музика која му прави „буст“ на духот.

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

– Немам некои отстапки од вообичаенотокое го готвам, бидејќи и нормално секојдневно готвам. Денес имам намера да месам кифлички, тоа го правам ретко… (се смее).

С.П. И за крај што би препорачала на нашите читатели?

– Да седат дома, бидејќи едниствениот начин на кој може да ја победиме короната, е само здружени и сплотени. Се работи за вирус за кој се уште научниците имаат многу малку информации, и токму затоа не смееме да се довдуваме себеси и останатите во ризик, да се разболиме. Искористете го ова време , подарено од Бога, за да станете подобри личности, учете нови работи, уживајте со семејството, ќе дојде ден кога ќе посакате да се вратат овие слободни денови! Исто така сакам да им дадам до знаење на сите дека во ова кризна состојба има луѓе кои немаат ни за храна, па да ги отворат срцата и дадонираат на оние на кои им е најпотребно. Нека ја следат страницата на „Проект Среќа“ и нека ни се придружат во делењето и создавањето среќа…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот