Кристин Асанж: Сурово и незаконски го убиваат мојот син

Фото: EPA/STRINGER

Мајката на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, Кристин Асанж, изјавила дека Владата на Велика Британија и САД го убиваат нејзиниот син, поради разоткривањето на злосторствата и корупцијата.

„Мојот син Џулијан Асанж полека, сурово и незаконски го убиваат владите на САД и Велика Британија, поради повеќепати наградувано новинарство, кое открива воени злосторства и корупција“ напиша Кристин Асанж на нејзиниот Твитер.

Под таа објава, го додала и извештајот на известувачот на ОН за прашања за тортура и мачење, кој се заложил за прекин на колективниот прогон на Асанж.

Известувачот рекол дека никогаш во неговите 20 години работа, не видел група демократски држави да се здружат и заедно намерно да го изолираат и демонизираат достоинството на еден човек и владеењето на правото.

Основачот на „Викиликс“ моментално се наоѓа во затвор во Лондон, откако по речиси седум години беше уапсен во амбасадата на Еквадор во тој град.

Сите што го посетуваа рекле дека здравјето му е лошо, пренесе „Раша тудеј“, додавајќи дека минатата недела го посетил новинарот Џон Пилџер, кој рекол дека неговата состојба се влошува и дека го третираат полошо од убиец.

Моментално на Асанж му се заканува екстрадиција во САД, каде го товарат за поседување и ширење доверливи информации, а доколку судот утврди дека е виновен, може да биде осуден на 175 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот