Кристијано Роналдо се откажува од 3,8 милиони евра!

Кристијано Роналдо /

Португалската фудбалска ѕвезда на италијанскиот шампион Јувентус уште еднаш ја покажува својата хуманост и во екот на ширење на болеста Ковид-19.

Фудбалерите на Јувентус се согласија да се намалат платите со цел да се избегнат отказите поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Први тоа го направија првата ѕвезда на италијанскиот фудбалски шампион, Кристијано Роналдо и капитенот Џорџо Кјелини, а потоа и сите останати играчи и целото раководство на клубот од Торино.

Еден од најдобрите играчи на светот, Роналдо има заработка од 31 милион евра, а сега Португалецот одлучи да се откаже од 3,8 милиони евра за за да може да има тековна исплата на персоналот кај „Старата дама”, според „Тутоспорт“.

Така уште еднаш Роналдо ја покажува својата хуманост и во екот на ширење на болеста Ковид-19. Заедно со неговиот менаџер Хорхе Мендеш донираа голема количина на медицинска опрема за болниците во Порто и во Лисабон.

Болницата Санта Клара во Лисабон доби 10 кревети со респираторни машини, ЕКГ монитори, пумпи за инфузија и инјекции, а за болницата Санто Антонио во Порто донираа 15 кревети за интензивна нега, респиратори, ЕКГ монитори и останата опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот