Кристијано Роналдо и Георгина Родригез заминаа на одмор: Прво лето со новиот член на семејството

кристијано роналдо
Кристијано, Георгина и нивното семејство / Фото: Принтскрин/Инстаграм

По завршувањето на фудбалската сезона, Кристијано Роналдо направи мала пауза за да побегне на одмор со семејството. Тој, неговата свршеница Георгина Родригез и нивните пет деца ги спакувале куферите и заминале на заслужен одмор.

Дождливото време во Англија познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез решиле накратко да го заменат со засега непозната локација во потопли предели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Љубовните партнери на нивните инстаграм-профили споделија мал увид во нивниот луксузен живот. Фудбалерот, неговата свршеница, најстариот син Кристијано Џуниор, близнаците Ева и Матео, ќерката Алана Мартин и новородената Бела се качиле во приватен авион и заминае на одмор од соништата.

„Одмор полн со љубов“, напиша Роналдо во описот на заедничката фотографија на која сите седат заедно во ресторан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина во авионот најмногу се грижела за својата едномесечна ќерка Бела која не ја пуштала од рака, а вешто ѝ помагале останатите деца. Згодната бринета отпатувала во спортско издание за да ѝ биде удобно, а во ист тон биле облечени и нејзиниот партнер и наследниците.

Да потсетиме, Георгина пред еден месец се соочи со голема трагедија. Таа беше бремена со близнаци, а само нејзината ќерка го преживеала породувањето поради компликации. Откако почина нивниот син, неутешната двојка се обидува да продолжи со животот посветувајќи се на нивните останати деца и на новородената ќерка, чие полно име е Бела Есмералда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот