Кристијано Роналдо го посакува Реал Мадрид!

twitter/juventusfc

Во Нион ќе бидат познати осминафиналните двојки во фудбалската Лига на шампионите, а сите можеби и потајно посакуваат уште во оваа фаза од елиминациите да се сретнат Јувентус и Реал Мадрид.

Тоа го посакува и првата ѕвезда на италијанскиот шампион, Кристијано Роналдо, но не во осминафиналето, туку нешто подоцна.

– Реал има неверојатен состав, но би сакал да играме против нив нешто подоцна. Па, нека биде тоа во финалето – рече Роналдо.

Португалецот пред да се пресели во Јуве, ги бранеше боите на „кралскиот“ клуб со кој успеа четирипати да го освои трофејот во ЛШ.

Оваа сезона досега реализираше осум голови од 17 натпревари, а неколку пати изразуваше и незадоволство во Торино каде што во јуни 2018. година дојде за 100 милиони евра.

Како што е најавено ждрепката ќе се одржи во понеделник (16. декември) со почеток од 12.00 часот.

Во првиот шешир се наоѓаат првопласираните од групната фаза: Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ и Валенсија.

Во вториот шешир се второпласираните, тие се: Аталанта, Атлетико Мадрид, Челзи, Борусија Дортмунд, Лион, Наполи, Реал Мадрид и Тотенхем.

Во осминафиналето не можат да се сретнат екипите кои веќе играле меѓусебе во групите, и воедно во оваа фаза не можат да се сретнат екипи од иста земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот