Кристијан Ериксен е најплатен фудбалер во Интер, но мора да го промени клубот

Кристијан Ериксен (Интер) има сигурни 7,5 милиони евра за оваа сезона/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Четири месеци откако доживеа срцев удар на Европското првенството на натпреварот на неговата Данска против Финска, Кристијан Ериксен размислува за продолжување на фудбалската кариера.

До крајот на годината ќе има дополнителни тестови и прегледи, кои ќе покажат дали неговото срце е доволно силно да го издржи животот на професионален спортист, и доколку сè биде во ред, Данецот сака да се врати на терените.

Додека тоа не се случи, поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем ќе остане најплатениот фудбалер на Интер.

ФОТО+ВИДЕО: Спектакуларно отворање на Евро 2020: Одлична музичка програма и огномет!

Фудбалерот кој не игра скоро четири месеци има сигурни 7,5 милиони евра за оваа сезона, па дури и доколку тестовите покажат дека сè во ред, нема да може да игра во Италија.

Поради срцевиот удар што го доживеа, му беше вграден дефибрилатор, а правилата на натпреварувањето во Серија А велат дека никој со проблеми со срцето не може да настапи.

Тоа исто така значи дека Ериксен би требало да го промени клубот во јануари. Неговото заминување нема да го олесни буџетот на италијанскиот великан, кој до неодамна имаше огромни финансиски проблеми, бидејќи платата за данскиот играч ја плаќа УЕФА во последните неколку месеци.

ФОТО+ВИДЕО: Спектакуларно отворање на Евро 2020: Одлична музичка програма и огномет!

Јасно е дека во друг клуб, по сè што се случи, не може ни приближно да добие толку пари, но неспорно е дека Данецот сака да игра фудбал. Сакаше да се врати на терените порано, а го спречија само правилата во Италија, каде Интер не можеше да го лиценцира за натпреварувањата.

Во еден момент се шпекулираше дека Ајакс покажува интерес, во кој веќе играше, а за кој Дејли Блинд во моментов игра со сличен проблем, односно со вграден дефибрилатор.

Видео на денот