Кристалина Георгиева од ММФ со барање: Дополнителни 650 милијарди долари за борба против пандемијата

Кристалина Георгиева/Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева нагласи дека ќе предложи поделба на нови специјални права за повлекувања (СДР) еквивалентни на 650 милијарди долари за борба против пандемијата до крајот на јуни.

– Новата распределба на СДР ќе биде од голема помош за земјите-членки на ММФ, од кои многу се погодени од пандемијата со Ковид-19, и ќе им обезбеди силна поддршка за ликвидност без зголемување на нивниот долг. Со тоа ќе бидат ослободени финансиски средства за борба против пандемијата, поддршка за програмите за вакцинација и другите итни мерки, изјави Георгиева.

Членовите на одборот на ММФ на вчерашниот состанок дадоа „широка поддршка” на експертите на ММФ да подготват предлог за нова распределба на СДР во вредност од 650 милијарди долари за да се исполни глобалната долгорочна потреба од резервни средства.

– Новата распределба на СДР ќе им помогне на сите наши земји-членки и ќе го поддржи глобалното закрепнување од корона-кризата. Со тоа ММФ ќе испрати силен сигнал до членките дека е одлучна да направи се што е можно за да се надмине најтешката криза од Големата депресија, нагласи Георгиева.

Новата алокација на СДР ќе биде прва по еквивалентот од 250 милијарди долари, одобрен во 2009 година, за време на светската финансиска криза.

– ММФ ќе развие нови мерки за зголемување на транспарентноста и отчетноста при употребата на СДР и ќе истражува опции за прераспределба на СДР на богатите земји за поддршка на ранливите земји со ниски приходи, посочи Георгиева.

Доколку биде одобрен предлогот, дополнителните резерви, што земјите-членки би можеле да ги претворат во конвертибилни валути или да ги споделат со земјите на кои им е потребна, треба да бидат достапни во втората половина на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот