Криси Тиген на Твитер ја обвинуваат за педофилија поврзана со кругот на Епстајн: Блокирав милион луѓе!

Instagram
Фото: Инстаграм

Американската манекенка и позната тв-личност Криси Тиген (34) се пожали на друштвените мрежи како се нашла во средиштето на теориите на заговор, чиј припадници ја обвиниле за педофилија.

Таа откри дека блокирала повеќе од милион луѓе на Твитер и дека профилот ѝ е „преплавен со болни психопати“. Манекенката е загрижена за своето семејство откако на Твитер теоретичарите на заговори ја прогласиле за личност која е поврзана со Џефри Епстајн, бизнисменот и осуден сексуален престапник, за чиј живот на Нетфликс моментално се покажува мини документарна серија.

Фотографија: Instagram

Тиген во објавата напишала дека цел ден го поминала плачејќи после онлајн булингот на друштвената мрежа на која ја следат повеќе од 13 милиони луѓе.

„Блокирав повеќе од еден милион. МИЛИОН луѓе! И понатака ме напаѓаат болни психопати. Не можам ова само да го игнорирам, ќе се обидам да ги смирам“, напишала таа.

криси тајген џон леџенд
Фото Профимедиа

Криси од минатата недела се бори против обвинувањето дека таа и нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд (41) патувале со приватниот дел на Епстајн и така биле дел од неговиот педофилски прстен. Нивните имиња се нашле на списокот на Епстајн, а на Твитер Тиген ја обвинуваат како избришала многу објави од тоа време, кои би ја поврзале со сексуалниот предатор кој минатата година почина во затвор.

Моментално на нејзиниот твитер-профил не може јавно да се гледаат објавите, единствено може да го посетите нејзиниот профил со нејзино одобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот