Криси Тајген тажна: Иако не сум бремена, секој поглед во огледалото ме потсетува на тоа што можеше да биде

Instagram
Криси Тајген/Фото: Инстаграм

Манекенката Криси Тајген на својот Инстаграм профил објави фотографија покажувајќи како изгледа нејзиното тело неколку месеци по загубата на третото бебе.

Сопругата на музичарот Џон Леџенд на крајот на септември го изгуби бебето, во петтиот месец од бременоста. Иако поминаа речиси три месеци, на фотографијата се гледа трудничко стомаче, додека таа позира во тесен фустан.

„Ова сум јас и моето тело, токму денес. Иако повеќе не сум бремена, секој поглед во огледалото ме потсетува на тоа што можеше да биде. И не знам зошто сè уште го имам ова стомаче, искрено. Фрустрирачки е!“, напиша манекенката под фотографијата.

Instagram
Instagram

„Горда сум на тоа што цело ова патување му отвори на моето тело и мојот ум поинакви видици. Толку ја сакам бременоста и тажна сум што никогаш повеќе нема да бидат бремена, но имам среќа што ги имам двете неверојатни деца кои секој ден се трансформираат во мали луѓе“, додаде Криси Тајген.

Instagram
Instagram

Да се потсетиме, Криси и Џон пред три месеци на социјалните мрежи споделија фотографии од болницата и открија дека го изгубиле бебето на кое му го дадоа името Џек.

Instagram
Instagram

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот