Криси Тајген случајно го откри полот на детето кое го очекува со пејачот Џон Леџенд: Инстаграм го уништи изненадувањето!

Instagram

Поранешната манекенка Криси Тајген е бремена и треба да го роди своето трето дете за неколку месеци. Таа неодамна го дозна полот на своето ново бебе, и иако сè уште не планираше да ја извести јавноста, имаше неочекуван пропуст додека известуваше за Инстаграм.

Криси планирала да ги чува среќните вести за полот на третото дете за себе и за своите најблиски некое време, а потоа да ги открие на пошироката јавност на посебен начин.

Сепак, додека известуваше во живо на својот Инстаграм профил каде ја следат над 30 милиони луѓе од целиот свет, откри дека носи момче.

Набрзо низ светските медиуми се прошири веста дека друг член сега ќе пристигне во семејството на музичарот Џон Леџенд, по неговата ќерка Луна и синот Мозес.

Криси всушност им давала на своите обожаватели информации за нејзината бременост и потенцирала дека сè оди во вистинска насока, секако со нејзините силни главоболки, кои ги решила со третманите со ботокс. И тогаш ја додала реченицата: „Тој расте и добро е што е веќе многу големо момче“, во тој момент сфатила што сторила и од изгледот на лицето било јасно дека не е многу среќна.

Покривајќи ја устата јасно ставила до знаење дека вакво нешто не е во нејзиниот план, но веќе било доцна бидејќи видеото го прегледале 1.800.000 луѓе за само неколку часа.

Некои изјавија дека ова е најдоброто откритие за полот на бебето некогаш, додека други побрзаа да ѝ честитаат на уште едно машко бебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот