Криси Тајген се обрати од болница: Ве молам, запрете ја оваа болка

Instagram

Криси Тајген на својот инстаграм-профил сподели видео од болница пред нејзина операција за ендометроза.

35-годишната ѕвезда која има 33,9 милиони следбеници на „Инстаграм“ со своите објави ги вознемири своите обожаватели.

Нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд сподели фотографија со нивните деца Мајлс и Луна, која веројатно била направена во чекалната во болницата.

Instagram
Instagram

Добро утро“, напиша Џон во описот на фотографијата.

Во средата, Тајген смело прозборе за загубата на нејзиното трето дете, синот Џон и влијанието врз нејзиното тело, откривајќи дека сè уште чувствува „удари“ во стомакот, полни четири месеци по неговата смрт.

Instagram
Instagram

Криси призна дека не се чувствува добро, затоа што нејзиниот син Џек требаше да се роди оваа недела.

Навистина чувствувам удари во стомакот, но тоа не е фантомско… Утре имам операција за ендометриоза… но периодов овој месец го чувствувам како бебешки удари“, напиша Криси.

Instagram
Instagram

Таа ги замоли своите обожаватели да споделат искуство за операција за ендометриоза.

Може ли некој да ми го каже своето искуство по операцијата за ендометриоза? Дали брзо се опоравивте? Ќе можам ли да направам супа после тоа“, напиша Криси.

Ендометриоза е хронична состојба што се јавува кај дури 10 до 15% од жените, најчесто на возраст од 25 до 40 година и претставува клетки на ендометриум (внатрешниот слој на матката кој се исфрла со секоја менструација) во карличната и стомачната празнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот