Криси Тајген и Џон Леџенд танцуваат на улица: Ѕвездите ја слават инаугурацијата на Џо Бајден

Криси Тајген и Џон Леџенд танцуваа на улица а други ѕвезди кои ја славеа инаугурацијата на Џо Бајден се и Лејди Гага, Џенифер Лопез и Кејти Пери.

Криси Тајген и Џон Леџенд ги предводеа ѕвездите кои славеа во пресрет на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден. Многу ѕвезди излегоа на улиците во знак на поддршка на идниот претседател, вклучувајќи ги Кејти Пери, Џенифер Лопез и Лејди Гага.

Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на САД на церемонијата на инаугурацијата во Вашингтон.

Instagram

Криси и Џон танцуваа на улица, а љубовта ги освои сите присутни. Криси беше особено гласен критичар на контроверзното претседателство на Трамп и двајцата беа во „постојани сајбер војни“ на „Твитер“.

Instagram
Instagram

Криси и Џон стоеја рамо до рамо со офицерите на Националната гарда кои патролираа по улиците пред церемонијата. A, манекенката не ја пропушти можноста за документирање на овој историски настан.

Се изгубивме на патот до официјалната проба, но налетавме на овие херои!“, напиша Криси.

Instagram
Instagram

Околу 25.000 војници се очекува да излезат на местото на настанот во Вашингтон за инаугурацијата. Безбедноста е засилена за церемонијата, по немирите што се случија на почетокот на јануари.

И Џенифер Лопез е меѓу ѕвездите кои позираа со војници на улиците на Вашингтон, поздравувајќи ги „храбрите мажи и жени“ за нивната „услуга и жртва“.

Која чест е човек да помине неколку моменти со овие храбри мажи и жени. Ви благодарам за вашата услуга и пожртвуваност. Ви се восхитувам, денес и секој ден. Утре ќе пеам за вас и за сите Американци“, напиша таа.

Instagram
Instagram

Лејти Гага исто така на својот инстаграм-профил сподели позитивна порака обележувајќи ја пресвртницата за Америка.

Instagram
Instagram

Се молам утре да биде ден на мирот за сите Американци. Ден за љубов, а не за омраза. Ден за прифаќање, а не за страв. Ден за сонување на нашата радост во иднината како земја“, напиша Лејди Гага.

Instagram
Instagram

Кејти Пери на својот инстаграм-прифил сподели фотографија од микрофоните со кои веројатно ќе настапи на претстојната церемонија.Таа во описот на фотографијата само напиша „Ние“.

Холивудскиот актер Том Хенкс ќе биде домаќин водител на преносот. Кејти Пери ќе настапи пред публиката заедно со Џон Леџенд, Лејди Гага, Деми Ловато, „Foo Fighters“, Брус Спрингстин и Џастин Тимберлејк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот