Криси Тајген без „влакна на јазикот“ му упати порака на американскиот потпретседател! (ФОТО)

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс се тестираше за коронавирус и потоа пред камерите го сподели своето искуство.

„Тестот траеше кратко, но туркаат многу длабоко во синусите и е непријатно. Ова е веројатно добра можност да повторам: доколку немате симптоми, не треба да се тестирате“, порача тој.

Twitter/Printscreen

Со оглед на тоа дека личноста не треба да има симптоми за да го носи и шири вирусот, со што може да го загрози здравјето и животот на други луѓе, овој совет на Пенс доби многу критики од јавноста. Помеѓу оние кои се налутија поради ваквата несоодветна препорака беше и манекенката Криси Тајген, која на Твитер напиша:

Profimedia

„Мојата вагина се искина до задникот кога ја раѓав Луна. Имав „вагина-анус“. За*би ја твојата болка од брисот!„

Twitter/Printscreen

„Мораа да ми стават кеса за ѓубре покрај креветот за да ја собираат крвта пред да ме шијат, а потоа морав да мочам низ шише вода за помалку да ме боли наредните 3 месеци. Така да… Брис, верувам дека е супергрубо.

Profimedia

Таа своите коментари ги напиша како продолжение на пораката која актерката Сара Тајр му ја упати на Пенс.

„Жали се колку тестот за Ковид е инвазивен, но извинете, многу раце беа ставени таму доле за да ми го извадат секое бебе, а вие се жалите дека ви прават брис на носот кој може да спаси милиони животи“.

The post Криси Тајген без „влакна на јазикот“ му упати порака на американскиот потпретседател! (ФОТО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот