Крис Прат и ќерката на Шварценегер добија принова, го открија и името

Фото: Instagram

Писателката и ќерка на Арнолд Шварценегер, Кетрин објави на нејзиниот инстаграм-профил дека пред два дена со Крис Прат добиле девојче.

„Толку сме возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашата втора ќерка, Елоиз Кристин Шварценегер Прат. Исто така, се чувствуваме повеќе од благословени и благодарни“, напиша Кетрин.

Ова е нејзиното второ заедничко дете соактерот Крис Прат. Во 2020 година се роди нивната ќерка Лајла, додека Прат со Ана Фарис го има синот Џек. Прат го објави раѓањето на Елоиз.

„Мама и бебето се добро“, рече тој.

Во декември 2021 година се дозна дека ќерката на Шварценегер е бремена, таа јавно се осврна на нејзината бременост дури во март.

„Бремени мајки кажете ми дали и вие можете да пиете само ледена вода“, напиша таа на едно видео на „Инстаграм“ во тоа време.

Кетрин си ја ценеше приватноста и во нејзината бременост со 1-годишната ќерка Лајла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот