Криптовалута со вредност што галопира: Биткоинот ја проби границата од 30.000 долари

Биткоин. / Фото: Архива на Слободен печат

Криптовалутата биткоин денеска за првпат ја надмина вредноста од 30.000 долари, достигнувајќи попладнево 31.502,77 долари, објави агенцијата „Блумберг“.

Биткоинот на 16 декември за првпат ја проби границата од 20.000 долари, а последните денови достигна нови рекорди, приближувајќи се кон 30.000 долари.

– Апетитот за ризик, кој се забележува во купувањето на таа криптовалута, останува непроменет, оценува независниот аналитичар со седиште во Германија, Тимо Емден, кој очекува натамошен раст на вредноста на биткоинот.

Вредноста на биткоинот почна да се зголемува во октомври, бидејќи „ПејПал“ започна сервис на пазарење, продажба и плаќање со таа криптовалута.

Американските аналитичари сметаат дека традиционалните инвеститори веќе почнале да го користат биткоинот, а влијателните експерти на „Волстрит“ почнаа да го следат курсот на оваа криптовалута.

Вредноста на биткоинот се зголемува од 2017 година, кога изнесуваше помалку од 1.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот