Криминалот во Париз драстично се намали за време на Олимписките игри

фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Масовното распоредување на полициските сили за Олимписките игри доведе до драстично намалување на криминалот во пошироката област на Париз, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

За време на посетата на полициска станица во париското предградие Сен-Дени, Дарманен рече дека делумно благодарение на зголеменото присуство на безбедносни сили, имало голем пад на бројот на прекршоци минатата недела.

Кражбите се намалиле за 24 отсто и кражбите на автомобили за 10 проценти од почетокот на Игрите. Насилните прекршоци во јавниот транспорт се намалиле за 40 отсто, пренесува ДПА.

-Досега, 200 апсења биле извршени во пошироката област на Париз, со 180 осомничени во полициски притвор – рече тој.

Неколку планирани акти на насилство со можен терористички мотив биле спречени од разузнавачките служби, потенцираше Дарманен.

– Секој ден апсиме луѓе за кои веруваме дека би можеле да извршат акт, но немаше карактеризирана закана, нема организација однадвор која сакаше да не нападне, рече тој. Апсењата беа само на изолирани поединци – додаде тој.

Околу 30.000 полицајци и околу 10.000 воени лица се распоредени за да ги штитат Олимписките игри во пошироката област на Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот