Криминалот сведен на минимум во март поради мерките на ограничувања

Намерните физички напади врз лица над 15 години (вклучително и семејно насилство) се намали за 33 отсто. Но, учеството на семејното насилство забележа „нагло зголемување во март”, по падот во февруари

Злосторствата и прекршоците регистрирани од полицијата и жандармеријата во Франција, забележаа силен пад во март во однос на февруари, како резултат на ефектите од мерките за ограничување, јави дописникот на МИА..

Овие бројки ги соопшти статистичката служба на Министерството за внатрешни работи на Франција. Во контекст кога населението е повикано да остани дома од 17 март, намалувањето е во просек околу 45 отсто за повеќето индикатори. Од министерството се забележува дека толкувањето на овие намалувања е „многу комплексно од неколку причини”.

-Најпрво, мерките силно влијаеа на условите за поднесување поплаки од жртвите и од силите на редот. Тогаш, одредени форми на деликвенција не можат да се направат во контекст на ограничени мерки на движење, додека другите се зголемија. Вистинските последици од овие мерки, ќе станат видливи само во наредниот месец (и).

Намерните физички напади врз лица над 15 години (вклучително и семејно насилство) се намали за 33 отсто. Но, учеството на семејното насилство забележа „нагло зголемување во март”, по падот во февруари

На 26 март, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер истакна дека семејното насилство се зголемило за 32 отсто  во руралните зони под надлежност на жандармеријата и за 36 отсто во урбаните зони каде е одговорна префектурата на париската полиција, ова по воведувањето на задолжителните мерки.

Најзначајното намалување (-51 отсто) се однесува на грабежи без насилство врз луѓе, проследено со грабежи без оружје (-45 отсто), кражби во домовите (-44 отсто) и грабежи со оружје (-43 отсто) . Кражбите на возилата се намалени за 37 отсто, а убиствата се стабилни со 70 дела, како  и во февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот