„Криминалот се исплати“ – или не?

Маж од сојузната американска држава Индијана со тетоважа на челото „криминалот се исплати“ е уапсен по вторпат од декември минатата година.

Доналд Мари (38) е уапсен вчера по кратка полициска потрага по неколку улици, пишува „WTWO“. Обвинет е за спротиставување на апсење, поседување на метамфетамин и кражба на автомобил.

Мари се појави во епизода на телевизиското шоу „Live PD“ на крајот на ноември откако ѝ побегнал на полицијата, која го забележала како вози без влучени светла во автомобилот. Полицијата вели дека Мари со автомобилот се удрил во дрво, пред трчајќи да побегне. Во автомобилот го оставил својот пријател, кој ѝ рекол на полицијата дека не го знае неговото име, пренесува „Индекс.хр“.

Тој е пуштен од затвор, а неговата фотографија предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

„Каква иронија“ е само еден од бројните коментари за овој, во најмала рака, контроверзен лик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот