Крим служба и полициски кучиња на терен: Дел од кран падна врз брод со 120 луѓе! (ВИДЕО)

Противпожарната бригада е на должност со сите расположиви служби за итни случаи, амбулантни возила, лекари, па дури и противпожарен брод.

Околу четири часот попладне се урна кран во пристаништето во северниот германски град Росток, соопшти полицијата.

Пет лица се полесно повредени кога дел од кранот падна на брод во кој, во моментот на несреќата , имало 120 лица.

Инцидентот се случил при тестирање на кранот, што бил прикачен на бродот.

Портпаролот на полицијата изјави дека спасувачките служби ги однеле повредените во болницата во Росток.

Противпожарната бригада е на должност со сите расположиви служби за итни случаи, амбулантни возила, лекари, па дури и противпожарен брод.

Покрај хеликоптер, полицијата ја вклучи и крим службата, како и голем број патролни автомобили, водната полиција и единицата со полициски кучиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот