Крихбаум: Бундестагот ќе даде „зелено светло“ за Северна Македонија

Во германскиот парламент владее позитивно мислење за Северна Македонија и тоа ќе се преточи во поддршка на почетокот на преговорите на земјата со ЕУ во октомври, вели за Дојче веле, Гунтер Крихбаум, пратеник на владејачката конзервативна партија на канцеларката Ангела Меркел и претседавач со Комисијата за ЕУ во Бундестагот.

-На напорите на земјата се гледа многу позитивно. Особено со Преспанскиот договор се надмина еден долгогодишен спор со Грција. Но тоа не значи дека не претстои уште многу работа. Натамошни реформи на правосудството, подобра економска клима и привлекување на странски инвеститори, и во многу други сектори, да не ги забораваме слободата на медиумите и новинарството. На тие полиња е потребен натамошен напредок. Притоа, ние не зборуваме за членство во ЕУ оваа година, туку за почеток на преговорите. Тоа ќе биде долг процес за кој ќе биде потребно и големо трпение, но патот е јасен- во насока на ЕУ. Што се однесува до временската рамка, планираме кон крајот на септември да разговараме за Северна Македонија во Комисијата за ЕУ на Бундестагот, а потоа ќе следи и одлуката на Бундестагот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот