КРИЕЛА ОД ЛЕПА БРЕНА: Неверство и драма во семејството Живојиновиќ

Курир.рс/Дамир Дервишагиќ

Семејството Живојиновиќ го тресе голем скандал – наводно Филип ја изневерувал Александра Пријовиќ со манекенка и тоа додека таа била бремена.

Пејачката поради детето го простила целото тоа и останала во брак, но лутината не ѝ се намалила. Таа наводно, целиот скандал го скрила и од Лепа Брена и од свекорот Боба Живојиновиќ, па дури и од своите најблиски, поради срамот.

Како што дознава Курир.рс, Филип неколку денови живеел кај манекенката, додека Александра била сама и бремена. Не требало многу време додека да ѝ дојде преку глава, но не сакала со никого да разговара, ниту со своите родители, ниту со членовите на семејството Живојиновиќ.

На крајот му се заканила дека нема да му дозволи на Филип да го види својот син доколку не се опамети, по што тој попуштил и се смириле. Но, според изворот на Курир.рс, таа уште го нема простено неверството, иако се преселила со сопругот во нова вила и заедно го дочекале раѓањето на синот Александар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот