КРИЕЛ ДРОГА ВРЕДНА ДВА МИЛИОНИ ЕВРА: Од гаражата на семејната куќа во БиХ, опијатите од Црна Гора биле подготвувани за транспорт во ЕУ

Фото: sipa.gov.ba

Судот во Босна и Херцеговина го прифати предлогот на Обвинителството на БиХ и одреди едномесечен притвор за дилерот Винко Милошевиќ Бугарин од Габела, кој е осомничен за шверц на околу половина тони сканк, објави српски „Блиц“.

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) го уапси Милошевиќ во продолжението од акцијата со името „Тебра“, откако по три дена бегство тој сам се пријави на инспекторите во Источно Сараево.

Но, Судот во БиХ не го ценеше неговото пријавување, бидејќи според сознанијата на „Блиц“, повеќе пати ја поминувал границата на БиХ и Хрватска на повеќе гранични премини и не бил евидентиран во базата. Тоа значи дека добро ги познава нелеалните премини, а со одредувањето на мерката за забрана би можел да биде недостапен на органите за прогон.

Според документите на Обвинителството во БиХ, се наведува дека Милошевиќ организирал група на луѓе кои опојната дрога сканк ја набавувале во Црна Гора, а потоа преку БиХ понатаму била транспортирана во земјте на Европската Унија.

Милошевиќ, како што стои во документите на обвинителот Џермин Пашиќ, околу 400 тони сканк сокрил во канал на гаража во семејната куќа во Габела, каде јасно била обележана каде и за кого таа е наменета.

Открил телефонски броеви на соработници

Интересно е тоа што осомничениот кои прифатил да соработува со надлежните во исказот рекол дека гаражата во која е пронајден сканкот, ја дал под закуп и дека не можел да знае што има во неа. Но, таквиот исказ е неверодостоен, иако на надлежните им ги дал броевите на луѓето кои ја користеле гаражата.

Сепак, Милошевиќ немал образложение за пронајдената дрога во помошниот објект на куќата, а Обвинителството го наведува следното: „Осомничениот имал нагласена улога во процесот на набавка и понатамошната трговија со опојната дрогата. Таа е донесена до неговата семејна куќа, каде е скадирана и спакувана“.

Што ќе открие неговиот мобилен телефон

Обвинителството верува дека ќе го одземе мобилниот телефон на Милошевиќ, по вештачењето и претресот, а со тоа дека ќе ја насочи истрагата кон други осомничени и сведоци. Важно за нив е тоа што Милошевиќ одредени броеви веќе ги открил за инспекторите, но се уште се трага за еден маж од местото Пале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот