Креветите на Јанева, облеката и чантите на Боки 13 СЕ ПРОДАВААТ

Се продаваат креветите на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, кои се одземени од обвинителството за случајот „Рекет“. На Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, покрај мебелот, на продажба му е личната гардероба и чантите, открива директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани за „Вечер“.

– На Катица Јанева и се одземени неколку кревети, а на Бојан Јовановски мебел, лична гардероба и чанти. Парични средства, вили и станови не им се одземени. Ние сме известени само за овие работи и истите сме ги одзеле, а за другите предмети постапката сè уште трае. Овие работи им се одземени и се доставени од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, а ние како Агенција за управување со одземен имот имаме обврска истите да ги сместиме, чуваме и продаваме –  рекол Асани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот