Кремљ: Западните лидери не треба да се фокусираат само на оружје за Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се надева оти посетата на Киев на лидерите на Франција, Германија и Италија „нема да биде фокусирана исклучиво на испорака на оружје во Украина“.
„Би сакал да се надевам дека лидерите на овие три држави – и претседателот на Романија – нема да се фокусираат само на поддршката на Украина со дополнително пумпање на Украина со оружје“, вели тој.
Тоа би било „апсолутно бескорисно и ќе предизвика дополнителна штета на земјата“.
Песков предлага Емануел Макрон, Олаф Шолц и Марио Драги да го искористат своето време со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да направат „реален поглед на состојбата на работите“.
Видео на денот