Кремљ за судбината на заробените Американци- Се обвинуваат за воени злосторства, и им се заканува смртна казна !

Руски војници / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Двајца американски војници заробени во близина на Харков, Александар Друк и Енди Хун, наскоро ќе бидат осудени за „воени злосторства“ против руската армија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Двајцата Американци, беа заробени во близина на Харков од Руските војници им се закануваа на руските војници и треба да бидат „одговорни за тие злосторства“, рече Песков во интервјуто дадено на NBC News.

„Тие се платеници и беа вклучени во незаконски активности на територијата на Украина. Тие учествуваа во пукањето и гранатирањето на нашиот воен персонал. Тие ги загрозија нивните животи“, рече Песков.

Тој додаде дека ќе следи истрага преку која ќе се утврдува казната.

„Тие треба да одговараат за злосторствата што ги направиле. Тие злосторства мора да бидат истражени“, рече тој.

На прашањето за кои конкретни злосторства станува збор, Песков рече дека конкретни дела се уште не се познати, но се знае дека тие нема да бидат опфатени со Женевската конвенција за постапување со „воените злосторници“.

Тие не се членови на украинската армија и не подлежат на Женевските конвенции“, рече Песков.

Околностите под кои се заробени американските ловци не се целосно разјаснети. Засега се знае само дека се затвореници на „владата“ и дека од истрагата зависи дали можеби ќе добијат смртна казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот