Кремљ: „Специјалната воена операција” ќе продолжи сѐ додека целосно не го контролираме Донецк

Северодонецк / борби / Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Кремљ денеска соопшти дека воената операција во Украина треба да продолжи додека Русија не преземе целосна контрола врз источниот регион Донецк.

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека кампањата во Украина ќе продолжи „барем до ослободувањето” на „Донецката Народна Република”.

Песков уште посочи дека САД се се поблиску да станат страна во конфликтот во Украина, што според него е „исклучително опасен” развој на настаните.

Руската страна има негативен став кон изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за можноста од употреба оружје што САД ѝ го дале на Украина против териториите каде се одржаа референдуми за приклучување кон Русија, предупреди тој.

Во врска со изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „нема за што да се разговара” со неговиот руски колега Владимир Путин доколку Москва ги признае „референдумите” во четирите окупирани региони, Песков истакна дека тоа „не е ништо ново” од украинската страна.

По однос кампањата за мобилизација на 300 илјади резервисти, руски медиуми јавија дека руските државјани чии роднини се ангажирани во состанот на украинските вооружени сили не се ослободени од мобилизацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот