Кремљ одговори на санкциите: Ќе ги замрзнеме средствата на странските компании и поединци

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија ќе одговори на западните санкции со кои се замрзнаа пари и сметки на руски државјани и компании во странство, со запленување средства на странци и странски компании во Русија, изјави во саботата новинската агенција РИА Новости Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност.

Москва не ја исклучува национализацијата на имотот на компаниите регистрирани во САД, Европската унија и другите „непријателски јурисдикции“, рече Медведев, пренесува Ројтерс.

Синоќа, САД и ЕУ одлучија да воведат санкции против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како одговор на инвазијата на Украина.

Покрај тоа, меѓународните санкции погодија голем број руски компании и банки кои работат во странство.

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот