Кремљ негира дека министерот за одбрана Шојгу е болен

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

 Кремљ ги отфрли шпекулациите за тоа каде се наоѓа министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој со недели не се појавуваше во јавноста, јави ДПА.

– Министерот за одбрана е многу зафатен, рече прес-секретарот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека е „сосема разбирливо” што ова не е момент за појавување во медиумите.

Руските медиуми изразија изненадување што Шојгу не се појавил во јавноста од 11 март, по што се појавија шпекулации за можни здравствени проблеми поврзани со срцето.

Песков ги отфрли овие извештаи и им рече на новинарите да се обратат до Министерството за одбрана.

Руската војна против Украина трае веден месец. Портпаролот на Министерството за одбрана секојдневно даваше извештаи за операциите на руските трупи, а рускиот претседател Владимир Путин исто така даде неколку јавни изјави.

Путин беше присутен на состанокот на Советот за национална безбедност во четвртокот, каде што, според Песков, Шојгу го информирал советот за „напредокот на специјалните операции” – термин што се користи во Русија за да се опише инвазијата на Украина.

Во меѓувреме, Руската телевизија прикажа фотографии на кои се гледа како Путин де неска одржува состанок на Советот за безбедност со највисоките функционери, вклучувајќи го и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот