Кремљ ја исмеа изјавата на Џонсон: Тој е обичен лажго

Дмитриј Песков/ Фото Mikhail Japaridze / TASS / Profimedia

Кремљ го нарече Борис Џонсон лажго и ги негираше тврдењата на поранешниот британски премиер дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканил дека ќе го убие со проектил во повикот пред руската инвазија на Украина, јави Скај Њуз.

Поранешниот премиер тврди дека рускиот лидер му рекол „Не сакам да те повредам, но со проектил, тоа ќе трае само една минута” во „вонреден” разговор што се одржа во февруари откако тој го посетил Киев.

Меѓутоа, Кремљ денеска го обвини Џонсон дека лаже. – Тој не ја кажува вистината, или да бидат попрецизен – лаже, изјави за новинарите портпаролот Дмитриј Песков. – Немаше закани со проектили, рече Песков.

– Тоа е или намерна лага – па мора да го прашате г-дин Џонсон зошто избрал да го каже тоа така – или е несвесна лага и тој всушност не разбрал за што Путин зборувал со него.

Песков рече дека Путин му рекол на Џонсон ако Украина се приклучи на НАТО, тоа би значело дека американските или НАТО ракетите поставени во близина на границите на Русија ќе можат да стигнат до Москва за неколку минути и посочи дека можеби имало недоразбирање.

– Ако така е разбран овој пасус, тогаш тоа е многу непријатна ситуација, додаде Песков.

Џонсон, кој стана клучен поддржувач на администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во месеците по инвазијата на Русија, го искажа ова тврдење како дел од новата серија на Би-Би-Си 2, која се занимава со тоа како Западот се борел со Путин во годините пред војната.

Поранешниот британски премиер потсети дека при посетата на Киев го предупредил Путин дека инвазијата на Украина ќе биде катастрофална и дека ќе има построги западни санкции кон Русија ако го стори тоа. Џонсон, исто така, рече дека му рекол на рускиот лидер дека ескалацијата само ќе доведе до зголемување на поддршката на западните држави за Украина, што значи „повеќе НАТО, а не помалку НАТО” на руските граници.

– Тој рече: „Борис, велиш дека Украина нема наскоро да се приклучи на НАТО. […] Што е наскоро? и реков „Па, нема да се приклучи на НАТО во догледна иднина. Вие го знаете тоа совршено добр”, рече Џонсон за телефонскиот разговор со Путин. – Тој, на некој начин, ми се закани во еден момент и ми рече: „Борис, не сакам да те повредам, но со проектил, ќе трае само една минута”, или нешто слично, се присети поранешниот британски премиер.

ВИДЕО | „Путин сакаше да ме убие со ракета“ вели поранешниот британски премиер Џонсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот