Кремљ: Загрижени сме за состојбата во Ерменија

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Кремљ денес изрази загриженост за состојбата во Ерменија, во која премиерот на Никол Пашијанин го обвини генералшабот на војската за обид за државен удар, пренесе агенцијата Бета.

„Ја следиме со загриженост состојбата во Ерменија и секако повикуваме на смиреност“, изјави протпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Војската побара оставка од Пашијанин, а тој ова барање го оцени како обид за државен удар, по што го смени шефот на генералштабот. Во главниот град има протести и барања за негова оставка, а тој заедно со неговите поддржувачи денес излезе во Ереван и кажа дека војската и воените сили му случат на народот и на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот