Кремљ тврди: Руски научници се под надѕор на странски шпиони 24 часа на ден

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руските научници се под надѕор на странски шпиони 24 часа на ден, соопшти Кремљ, во моменти кога во научните кругови владее загриженост поради новите рестрикции кон контактите со странство.

Руското Министерство за образование и наука најави зајакнување на контролите на состаноците на кои учествуваат странци и го ограничиле нивното присуство во научните институти, како и нивната употреба на електронски уреди.

Многумина руски истражители ги осудиле овие мерки кои ги сметаат за апсурдни и нереални.

Тие оцениле дека мерките можат само да ја зголемат изолацијата на Русија и дека им ја загрозуваат работата.

Исто така, стравуваат од враќање на советската ера, кога научниците можеле да дат на состаноци со странски колеги единствено во придружба на трети лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот