Кремљ: Русија не е закана за ниту една земја во светот
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на прашање за распоредување на воени единици во Ростовската Област изјави дека Русија не претатвува закана ниту кон една држава во светот, така ниту кон Украина.
Тој додаде дека Русија многу внимателно се однесува кон сопствената безбедност.
– Руската армија се распоредува на руска територија, каде и како што оценуваме дека ќе гарантира безбедност. Тоа не треба да предизвикува загриженост, посочи Песков.
Во меѓувреме заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека контактите помеѓу Русија и САД се „на највисоко ниво” поради ситуацијата во Украина.
Тој наведе дека Москва го уверила Вашингтон дека нема причина за загриженост.
И Рјабков потенцира дека движењето на руската армија во близина на украинската граница Украина не претставува никаква закана кон Украина или кој било друг.