Кремљ: Путин и Меркел разговараа за можно решение на украинската криза

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел за време на телефонски разговор го истакнале значението на воведување на специјалниот статус на Донбас во украинските закони, соопшти Кремљ, а пренесе „Ал Џезира“.

Како што се наведува, двете страни го истакнале големото значение на целосна примена на Договорот од Минск и останатите договори за решение на украинскиот конфликт, пренесе Танјуг.

– Соговорниците ја потвторија посветеноста на понатамошната координација и напорите на Русија и Германија во рамките на Нормандиската четворка, вклучувајќи ги и подготовките за самит во тој формат – се наведува во соопштението.

Исто така, се додава дека Путин и Меркел детално ги разгледале прашањата во врска со решенијата за украинската криза, со посебен акцент на Штајнмаеровата формула, која ја потпишаа претставници на Киев, Донецк и Луганск во Контакт групата, пренесува агенцијата Тас.

Во соопштението пишува дека се зборувало и за условите за транзит на рускиот гас низ украинска територија, за што се водат трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и Европската комисија.

– Во делот на разговорите посветени на Сирија, соговорниците го истакнале значењето за решавање на хуманитарните проблеми, вклучувајќи и враќање на бегалците во своите домови – се вели во соопштението на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот