Кремљ: Путин и Ердоган разговараа за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Претседателите на Русија, Владимир Путин и на Турција, Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговараа за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах. Во јануари годинава, двете земји отворија заеднички центар за контрола на примирјето во областа, а за нејзината работа дискутираа и меѓу шефовите на двете држави.

Според прес-службата на Кремљ, двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија, нагласувајќи ја конструктивната природа на соработката меѓу двете земји за решавање на тамошната ситуација. Изразен е став за понатамошна координација на работата со цел унапредување на дијалогот во рамките на Уставниот комитет, како и за бескомпромисна борба против единиците на терористичките групи во голем број региони на земјата, пренесува ТАСС.

Во однос на Либија, Путин и Ердоган се согласија да продолжат да ги поддржуваат напорите на владата на национално единство за зачувување на интегритетот на земјата, земајќи ги предвид интересите на најголемите политички сили и региони.

Двајцата лидери разговараа и за можноста руската вакцина против коронавирус Спутник В да се произведува во турски компании, како и за испораката на препаратот во Турција во текот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот