Крем торта – задоволство за сите сетила (РЕЦЕПТ)

Состојки:

За пандишпан:

7 белки

250 грама шеќер во прав

100 грама мелени ореви

50 грама брашно

1 прашок за печиво

За фил:

500 милилитри млеко

7 жолчки

100 грама шеќер

100 грама брашно

150 грама шеќер во прав

150 грама путер

100 грама ореви

10 лажици врело млеко (за оревите)

200 грама чоколадо за готвење

За декорирање:

100 милилитри млеко

1 кесичка шлаг пена

Подготовка:

На оган ставете тенџере со вода да зоврие. Откако водата ќе зоврие, врз неа, во друго тенџере, ставете ги жолчките, млекото, шеќерот и брашното и мешајте се додека не добиете смеса која многу наликува на пудинг.

Вака добиениот прв фил, тргнете го настрана и чекајте убаво да се излади.

Во друг сад, изматете го маргаринот заедно со шеќерот и тргнете го настрана. Во друго тенџере на оган, ставете да се стопи чоколадото.

Почекајте сите филови убаво да се изладат.

Потоа, во половина од смесата од жолчки, шеќер и брашно, додајте ја смесата со изматениот маргарин и убаво изматете. Со тоа, првиот фил е готов.

Во втората половина од филот со жолчки, додајте го претходно растопеното чоколади и оревите кои претходно ги попаривте со врело млеко. Измешајте ги сите состојки и со тоа е подготвен и вториот фил за тортата.

Во трет сад ставете го потребното количество млеко и изматете цврста шлаг пена, која исто така ќе ја користите за филување на тортата.

Откако ќе ги подготвите сите филови, почнете со матење на јајцата за подготовка на пандишпанот.

Во подлабок сад ставете ги белките заедно со шеќерот и матете со миксер на најголема брзина. Откако ќе добиете цврст снег, во смесата додајте ги брашното, мелените ореви и едно пакување прашок за печиво. Добиената смеса истурете ја во поголема тава за печење. Печете во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 15 минути.

Печениот пандишпан извадете го од рерна и почекајте кратко да се излади. Потоа пресечете го на три ленти и почнете со филување.

На чинија за филување, ставете ја кората, а врз неа еден по еден ставете ги сите филови. Одозгора ставете ја и втората кора и повторно филувајте. Постапката за филување, завршете ја кога ќе ја ставите и третата кора. На крај, декорирајте по ваша желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот