Креаторот на рускиот систематски допинг издава книга: Како го срушив тајното допинг кралство на Путин

EPA/MICHAEL KAPPELER

Поранешниот шеф на московската антидопинг лабораторија, Григориј Родченков, во 2015 година пребега во САД и почна да ги открива тајните за рускиот допинг.

Откако пристигна во САД, Родченков го смени и личниот опис со оправдување дека неговиот живот е во опасност и дека е дадена наредба за негова ликвидација. Тој исто така истакна дека верува оти претседателот на Русија, Владимир Путин бил запознат со руската допинг програма иако тоа постојано се негира.

Григориј Родченков/EPA/SPORTPHOTO.RU

Но, токму Родченков беше „мозокот“ на систематскиот допинг и тој го измисли коктелот од три анаболички сипстанци наречен „Војвотка“ кој не можеше да се открие при регуларните тестови.

Тој за два дена ќе ја објави својата автобиографија која ја пишуваше откако пребега во САД, а насловот на книгата многу кажува „Афера Родченков – како го срушив тајното допинг кралство на Путин“.

Вистинската причина зашто СССР не настапи на ОИ 1984 година во Лос Анџелес беше допингот

Се очекува книгата да даде подобар увид во животот на Родченко, за неговото детство како и за неговата прва средба со допингот кога имаше 22 години. Тој тогаш беше спортист и студент на универзитетот во Москва.

Детали од книгата веќе протекое во медиумите во последните неколку дена, а во нив Родченко опишува како неговиот тим ги замени контаминираните примероци за време на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година.

Ја пропуштив свечената церемонија на затворање на Игрите бидејќи имавме поважна задача – да ги замениме примероците со урина за да заштитиме два руски златни медали. Примерокот беше на носителот на заставата на свеченото отворање, Александар Зубков, кој победи во боб двосед и боб четворосед. Нашиот тим одржа сопствена церемонија на затворање кога ја запечативме последната доза за допинг. Ја направивме најголемата измама во историјата на Олимписките игри. На официјалната вечера високи членови на ИОК и на ВАДА не нарекоа најдобра олимписка лабораторија дотогаш бидејќи имаше осум позитивни допинг резултати во последните пет дена. Како ги зезнавме…“, пипшува Родченков.

Сепак, Родченков е и главниот виновник за суспензијата на рускиот спорт бидејќи ги откри тајните на допингот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА). На крајот ВАДА го казни рускиот спорт со четиригодишна забрана за настап на големите спортски натпреварувања како што се Олимписки игри и светски првенства.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот