Креаторите на серијата „The Crown“ на „Netflix“ ветуваат дека во следната сезона ќе има „сочни“ откритија

Instagram

Креаторите на серијата „The Crown“ тврдат дека новата сезона ќе биде многу „сочна“, а со оглед на тоа што претходната, четвртата сезона „крена многу прашина“, но и го налути британското кралско семејство, со нетрпение се очекуваат нови епизоди со комплетно нови актери.

Серијата „The Crown“ со четвртата сезона, исто така предизвика реакции од кралското семејство кои тврдеа дека во серијата е изобличена вистината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)

Дури и министерот за култура на Велика Британија, Оливер Доуден побара од „Netflix“ да стави етикета дека серијата не е направена по вистински настани. Тој сметаше дека гледачите треба да бидат предупредени на почетокот на секоја епизода дека ова не се историски факти, туку дека станува збор за измислена приказна, бидејќи некои сцени од серијата му наштетиле на кралското семејство.

Тоа е прекрасно продуцирана фантастика, така што „Netflix“ треба да го каже тоа јасно како и со другите проекти. Се плашам дека генерацијата гледачи што не живееле во тоа време ќе ја замени фикцијата со реалност“, тогаш изјави Доуден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)

Во интервју за „Sunday Times“, серискиот продуцент Мартин Чајлдс изјави дека следната сезона ќе биде многу „сочна“, но одби да открие детали.

Кејт Хол, која е задолжена за шминката во серијата, додаде: „Сите важни луѓе што очекувате да бидат таму се таму“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)

Британскиот новинар Мајкл Кол, кој го следи кралското семејство, вели дека серијата, која во својата петта сезона ќе ја следи љубовната приказна на принцезата Дајана и Доди Фајед до нејзината смрт во август 1997 година, ќе содржи многу драматичен материјал и зачудувачки откритија.

Петтата и шестата, воедно и последната сезона на „The Crown“ ќе ги опфати случувањата во раните 90-ти, вклучувајќи го и големиот пожар во замокот Виндзор и распадот на браковите на трите деца на кралицата Елизабета Втора, разводот на принцот Чарлс и принцезата Дајана, принцот Ендру и Сара Фергусон и принцезата Ана и Марк Филипс.

Во новата сезона ќе се сретнеме со нови актери, а принцезата Дајана ќе ја игра 30-годишната Австралијка Елизабет Дебицки, која треба да се појави во последната шеста сезона. Покрај Дебицки, досега е потврдено дека принцот Филип ќе го игра наградуваниот Џонатан Прајс, а улогата на кралицата Елизабета Втора ќе ја толкува актерката Имелда Стаунтон.

Во четвртата, досега најконтроверзна сезона, чија премиера беше во ноември минатата година, беше прикажано запознавањето и венчавката на принцот Чарлс со младата Дајана Спенсер, кој истовремено ја одржува својата врска со љубовта на неговиот животм Камила Паркер-Боулс.

Сцените во кои живописно беше прикажана борбата на Дајана со булимијата предизвикаа бурни реакции во јавноста, а тие сцени имаа и графичко предупредување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Crown (@thecrownnetflix)

Ема Корин, која ја играше принцезата Дајана во трета и четврта сезона, претходно призна дека контроверзната четврта сезона е „во голема мера измислена“. За време на серија интервјуа, таа рече дека приказната е измислена и дека членовите на кралското семејство се само ликови создадени од Питер Морган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот